Во организација на ЏК „Сеишин“ Прилеп, вчера во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ се одржа 12 Меѓународен турнир во џудо ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ -2022 “ЦЕВИТАНА КУП”.
На турнирот учество зедоа 385 натпреварувачи од 43 клубови од 7 држави:
- Македонија (14 клубови)
- Грција (11 клубови)
- Црна Гора (6 клубови)
- Србија (4 клубови)
- Бугарија (4 клубови)
- Албанија (2 клубови)
- Косово (2 клуба)
Спортската сала беше поставена според сите протоколи за натпревари од овој вид, а љубителите на џудото ја исполнија до последното место.
Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта, а правдата ја делеа џудо судии од нашата држава и од странство.
На големо задоволство на организаторот, по двегодишна пауза поради ковид пандемијата, турнирот се врати на голема врата и ќе биде запаметен како еден од најуспешните кои се одржале во Прилеп.
Согласно постигнатите севкупни резултати по возрасни категории, натпреварувачката комисија за најуспешни ги прогласи следните клубови:
Помлади пионери/ки: ЏК „Преспа“, Ресен;
Помлади пионери: ЏК „Бор“, Србија;
Пионери: ЏК „Црногорац“, Цетиње, Црна Гора;
Пионерки: ЏК „Сакура“, Катерини, Грција;
Кадети: ЏК „Велико Градиште“, Србија;
Кадетки: ЏК „Сакура“, Катерини, Грција.
Според бројот на освоени медали, севкупен победник на турнирот ЏК „Сакура“, Катерини, Грција.
На покана на организаторот, на турнирот беа присутни познати гости од сфетата на џудото, меѓу кои и Зоран Миловиќ, џудо мајстор 8 дан од Црна Гора и Бојан Миличевиќ, директор на маркетинг комисијата при Балканската џудо асоцијација.
Исто така, меѓународниот натпревар го проследи и претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски.