Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, спроведувана од страна на Генералниот секретаријат на Влада и Министерството за животна средина, ЈЗУ Детска градинка „Наша иднина“ – Прилеп доби 7 нови висококвалитетни прочистувачи на воздух, во вредност од 87.000 денари.
Претходната година, детските градинки „Наша иднина“ добија 13 нови прочистувачи за воздух, кои им беа доделени од страна на Министерството за животна средина, како награда за постигнатите резултати од пилот проектот со кој во градинката „Бончејца“ се направи ботаничка градина за развој на воспитно-образовниот процес на децата.
Директорот на прилепските градинки „Наша Иднина“, Орце Тодоровски, поздравувајќи ги мерките кои надлежните институции ги спроведуваат во справувањето со аерозагадувањето, истакна дека доделените прочистувачи на воздух имаат позитивен ефект и обезбедуваат поквалитетен престој на најмладите во градинките.
Прочистувачите се поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, слободно извршување на нивните секојдневни обврски и нивна помала изложеност на загаден воздух и штетни четички.