Во прилепските детски градинки реализирана едукативна кампања за правилна селекција на опасниот отпад

Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад”, во соработка со Општина Прилеп реализираше едукативна кампања на територијата на општината за правилна селекција на опасниот отпад и постапување со истиот, како и воспоставување на систем за управување на отпадни батерии во корпа за рециклирање во  шесте објекти на градинката „Наша иднина“ од Прилеп.

Овој отпад делува како нетоксичен, но неговото неселектирање и мешање со останатиот комунален отпад и отпад од домаќинството, неговото несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали како жива, олово, кадмиум во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Со цел да не изостане еколошкото образование во услови на пандемија кога воспитно образовен систем е дигитализиран, „Нула Отпад“ подготви дигитална онлајн еко едукација за најмладите.

Со еколошка едукација беа опфатени децата од голема група од шесте објекти на градинките „Наша иднина“.

Беше поставена инфраструктура од големи садови за батерии за секој објект, едукативни постери и мали садови за  отпадни батерии за секое дете за дома.

Преку креативни активности подготвени од стручните служби на градинките кои несебично се вложуваат во доменот на еколошката едукација на најмладите во соработка на „Нула Отпад“, низ игра и забава, децата имаа можност да научат дека селекцијата на отпадот мора да стане навика и обврска на сите, исто како што е на пример одржувањето на хигиена.

Децата се наши еко амбасадори кои наученото го пренесуваат дома, на родителите и своето поблиско опкружување, додека вистинските резултати ги очекуваме на долг рок со креирање нови генерации со изразено висока еколошка свест.

Отпадот претставува голем проблем за многу локални самоуправи. Со правилна стратегија и имплементација, како и со постојана обука и подигање на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето и селекција на отпадот може да се овозможи понатамошен раст и развој на локалната заедница и на тој начин да се допринесе за подобри услови на живот на населението во општината.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …