руското гранатирање на Никопол

Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, административен центар, две школи, градската административна зграда и други објекти. Од гранатирањето без струја се оставени неколку илјади жители на Марханец.

Во синоќешните гранатирања на предградија на градот Запорожје загинала една жена, три куќи биле уништени, а дополнителни 30 домови биле оштетени, известува Укринформ. Во гранатирањата изминатово деноноќие на градот Миколаив било повредено 13-годишно девојче, додека во Авдивка во Донецкиот регион со повреди се здобило 16-годишно момче, пренесува Укринформ.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај предупредува дека Русија формира трет армиски корпус од доброволци, кои се сместени во Мулино, областа Нижњи Новгород источно од Москва. Регрутацијата на доброволци се одвива со лица кои имаат возраст до 50 години и од образование минимум средно школо. Типичен руски армиски корпус се состои од 15.000 до 20.000 војници, но на Русија ќе ѝ биде тешко да соберат толкав број на доброволци за војување во Украина, пишува Гардијан.

Инаку, украинската компанија „Енергоатом“ предупредува дека руските сили се подготвуваат окупираната нуклеарна електрана во Запорожје да ја исклучат од украинскиот електропреносен систем и произведената електрична енергија да ја пренасочат кон Крим. Од „Енергоатом“ тврдат дека руските сили досега оштетиле три линии за снабдување со струја кон електраната кои се поврзани со украинскиот систем, а останала да функционира само уште една. Ако се исклучи целосното снабдување со струја на нуклеарната електрана, тогаш безбедноста на овој најголем енергетски капацитет во Европа ќе зависи од дизел генератори и од нивното снабдување со дизел гориво од руските сили, пишува Гардијан.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …