Во сабота ќе биде спроведена голема еколошка акција за чистење на градот и околината

Во сабота ќе биде спроведена голема еколошка акција за чистење на градот и околината

Под мотото „Администрацијата чисти“ а согласно препораките на Владата, во сабота на 14 декември, Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ ќе спроведат голема акција за чистење на градот и поблиската околина. Според најавите, во акцијата ќе бидат вклучени над 500 административци вработени во државната администрација, јавните претпријатија и Општина Прилеп, кои ќе чистат на повеќе локации во градот и околината.

Во сабота ќе биде спроведена голема еколошка акција за чистење на градот и околината„Акцијата ќе започне во 8.00 часот, кога вработените кои се вклучени во оваа акција ќе излезат пред институциите во кои се вработени, од каде ќе бидат однесени до одредени локации во околината на градот. Во акцијата се вклучени околу 500 вработени во државните институции, јавните комунални претпријатија и Општина Прилеп. Акцијата ја поддржуваат и фирмите од градот, кои ќе се вклучат со градежна механизација“, истакна на денешната прес конференција Александра Кокароска, секретар на Општина Прилеп.

„Чистењето ќе биде спроведено кај вештачкото езеро, почнувајќи од чешмата па надолу, се’ до касарната ‘Мирче Ацев’, во населбата ‘Тризла’ зад касарната, а ќе се чисти и кај црквата во населбата ‘Точила’, просторот околу старите и новите градски гробишта и патот до манастирот ‘Трескавец’. Исто така, ќе биде исчистен и просторот кај ‘Заполшки мост’, ‘Маркова чешма’, ‘Склештен мост’ се’ до излезот кај ‘Милина’. Со акцијата ќе биде опфатен и делот од Прилеп кон с.Лагово, од ‘Жито Прилеп’ кон с.Мажучиште, патот од бензиската на ‘Лукоил’ до ‘Салида’, а ќе бидат исчистени и депонијата кај месноста викана ‘Тумбе’ и Дабнички канал“, најави в.д. директорката на ЈКП „Комуналец“, Ирена Во сабота ќе биде спроведена голема еколошка акција за чистење на градот и околинатаСтанкоска.

Сите оние граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата, со себе треба да носат алат и во сабота, 14 декември, во 08.00 часот да бидат пред „Реклами“, од каде со автобус ќе бидат однесени на локациите каде ќе биде спроведена акцијата за чистење.

Освен одработување на 2 јануари кој беше прогласен за неработен ден, целта на акцијата е вработените во државната администрација да учествуваат во акција за чистење на животната средина. Акцијата ќе биде спроведена во повеќе градови во земјата.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …