ХИВ вирус СИДА

Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија.

Првите две најчести заразни заболувања (ентероколити и овчи сипаници), учествуваат со 76,4 отсто во вкупниот број на заболени, а со 77,2 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец септември 2024 година. Во септември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите со вкупно 436 пријавени лица.

Во септември, до Институтот за јавно здравје пристигнале и две пријави на алиментарни епидемии, и двете пријавени од Центарот за јавно здравје.

„На 13 септември ЦЈЗ пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција на територијата на град Скопје. Епидемијата е пријавена со 18 заболени лица, од кои еден бил хоспитализирани, сите консумирале храна подготвена во ист објект. ЦЈЗ Скопје во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши санитарно-хигиенски и епидемиолошки увид во објектот во кој била подготвувана храната. Земени се материјали за микробиолошка анализа од мостри храна и брисеви од работни површини, а вработените се упатени на вонреден санитарен преглед“, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

Во пријавени се два смртни случаи од акутно заразно заболување, едниот од бактериски менингитис, а вториот – енцефалитис.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Новинарката Мирослава Симоновска била тајно снимана, ЗНМ со повик за итна истрага

Новинарката Мирослава Симоновска била тајно снимана, ЗНМ со повик за итна истрага

Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно …