Во сесите за учење на Едуино изминативе три месеци учествувале 23.000 наставници

Во сесите за учење на Едуино изминативе три месеци учествувале 23.000 наставници

Над 23.000 учесници присуствувале на сесиите реализирани преку платформата за учење Едуино во текот на изминативе три месеци. УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Смарт Ап поддржаа единаесет вебинари за зајакнување на капацитетите на наставниците, воспитувачите и другите практичари во образованието, на теми поврзани со примена на иновативни методи на настава со фокус на дигитални алатки и дигитално учење.

Со размена на сознанија за најдобрите практики, теми на вебинарите беа формативно оценување во услови на хибридна настава, презентација на моделот „превртена училница“, подготовка на интерактивна и асинхрона настава, креативно учење преку игра и користење на дизајнерски приоди како метод на настава.

„Наставниците се движечката сила зад закрепнувањето на образованието од ковид-19. Затоа тие мора да одржуваат чекор со новите случувања во образованието, да изградат капацитет за прилагодување и да иновираат под отежнати услови, како и да добијат пристап до ресурси за стручно усовршување“, изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Покрај зајакнувањето на можностите за стручно усовршување преку вебинари, онлајн курсеви и конкурси за групно предлагање на решенија (краудсорсинг), тековната програма Едуино опфаќа и финализирање на национална библиотека со видео-лекции, изработка на национална збирка на учебни материјали што ќе служи како едношалтерски систем за дигитални материјали, проширување на конкурсот Едуино Gameathon и зголемување на групата и програмата на Едуино амбасадори.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …