Во Скопје денеска започнува Првиот Економски Форум

Во Скопје денеска започнува Првиот Економски Форум

Денеска во во хотел „Александар Палас“ во Скопје започнува Првиот Економски Форум, кој со официјално обраќање ќе го отвори премиерот Зоран Заев.
Меѓу учесниците на Форумот се и премиерот на Албанија Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој ќе се обрати преку видео-конференциска врска, потоа вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за правда Бојан Маричиќ, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, Масимилијано Паолучи и Анди Аранитаси, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија и други.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …