Знамиња Македонија Бугарија

Во Скопје македонско-бугарски бизнис форум

Во Скопје денеска ќе се одржи Бугарско-македонски бизнис форум. Ќе го отворат министрите за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија, Николај Милков и Бујар Османи. Претседателот на Бугарско-македонската трговска и индустриска комора Пламен Павлов за МИА изјави дека на бизнис форумот во Скопје не треба да се предлагаат многу проекти, туку еден или два пилот проекта, што ќе го дадат моделот за развој на деловните односи меѓу двете соседни земји. Според него, енергетиката, транспортното поврзување и земјоделството се трите многу важни сектори во економските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Премиерот ја осуди изјавата на Костадинов дека Македонија е втора бугарска држава

Колегите од Северна Македонија, потенцира Павлов, имаат мото „Бизнис без граници“, а бизнисот не треба да се дели на бугарски и македонски, туку предностите на Бугарија како членка на ЕУ треба да се искористат, како и предностите што се уште ги има Северна Македонија пред да влезе во Европската Унија. Потребна е внимателна и флексибилна деловна политика и мора да се погледне каква е нивната финансиска перспектива. Павлов смета и дека меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да има заеднички туристички кластер. Павлов како многу добар сигнал за деловни односи и контакти меѓу Бугарија и Северна Македонија го оценува испраќањето македонски амбасадор во Софија по пауза од две и пол години, велејќи дека тој и неговите колеги веќе имале неколку средби со Агнеза Руси-Поповска, која покажува голем интерес да работи на зближување на двете земји.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …