Во Софија започна средбата Заев-Борисов (видео)

Во Софија започна средбата Заев-Борисов (видео)

Во Софија, Република Бугарија, попладнево започна официјалната средба меѓу премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Како што е најавено, на средбата двајцата премиери ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ја предводи владината делегација од Република Македонија во официјална работна посета на Република Бугарија, во која се и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски. 

Прочитајте повеќе

насилство насилник

Сѐ повеќе жени и деца жртви на насилство, а нема доволно места да се засолнат

Малолетничка била сексуално злоставувана од својот очув, па немајќи кому друг, ѝ се доверила на …