Во тешка сообраќајна несреќа која рано утринава се случила во Германија, во близина на градот Билефелед, загина пејачот на народна и новокомпонирана музика, Шабан Шаулиќ.

Како што јавуваат српските медиуми, веднаш после сообраќајната несреќа познатиот пејач бил пренесен во болница каде лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.