Во среда, 16 октомври во 11.30 часот, Крушево ќе ги пречека учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево, кој по дванаести пат се одржува во чест на Тоше Проески.
Организаторот на настанот, СОУ „Наум Наумовски – Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани, набавија рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците – од влезот на градот, се’ до гробното место на Тоше.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а целта е граѓаните и институциите да дадат заеднички придонес споменот за Тоше да продолжи да живее.