Во среда Македонија го потпишува пристапниот протокол за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку својот официјален профил на Твитер, соопшти дека во среда, 6.февруари, Македонија ќе го потпише протоколот за прием во НАТО.

„На 6. февруари ќе испишеме историја. Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, напиша Столтенберг.

Jens Stoltenberg

@jensstoltenberg

On 6 February we will write history: #NATO Allies will sign the accession protocol with the future Republic of North Macedonia together with FM @Dimitrov_Nikola

По тој повод со соопштение се огласи и Владата на Република Македонија, во кое се вели:

„Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите  на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.

Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …