На вчерашната седница, Владата ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.
Според постигната согласност од банките, исплатата ќе се спроведе во четири групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 27.07.2022 година;
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 28.07.2022 година;
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во петок, 29.07.2022 година, и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во понеделник, 01.08.2022 година.