Во стравотна сообраќајна несреќа, тешко повреден српскиот кошаркарски репрезентативец Огњен Кузмиќ

Во стравотна сообраќајна несреќа, тешко повреден српскиот кошаркарски репрезентативец Огњен Кузмиќ

Кошаркарот на „Црвена Звезда“ и репрезентативец на Србија, Огњен Кузмиќ утринава во близина на Бања Лука доживеал тешка сообраќајна несреќа.

Во соопштението кое го издаде КК „Црвена Звезда“, се вели дека Кузмиќ има тешки повреди на главата и градниот кош и дека заради тежината на повредите со хеликоптер бил пренесен во Ургентниот центар во Белград.

Несреќата се случила рано утринава на магистралниот пат Бања Лука – Приједор, кога Кузмиќ со своето Порше во кое бил уште еден негов пријател кој е исто така тешко повреден, директно се судрил со БМВ во кое се наоѓале две лица, кои поминале со полесни повреди.

Својата кариера Огњен Кузмиќ ја започна во бањалучки „Борац“, а потоа играше за „Малага“, „Хувентуд“ и „Панатинаикос“, а две години играше во НБА, во екипата на „Голден Стејт Вориорс“. Со репрезентацијата на Србија го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година. Во сезоната 2016/2017 ги бранеше боите на „Црвена Звезда“, после што се пресели во „Реал Мадрид“. Неодамна се врати во „Црвена Звезда“, при што со клубот потпиша двегодишен договор.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …