Во Струга ќе биде одбележан 28 Октомври, Светскиот ден на џудото

Во Струга ќе биде одбележан 28 Октомври, Светскиот ден на џудото

По повод 28 Октомври, Светскиот дена џудото, под мотото „Инклузија“, ЏК „Дрим“ од Струга заедно со своите партнери PORAKA NOVA, Asociatia Judeteana de Judo Mehedinti од Романија и Judo Klub Makikomi Beograd Srbija, ќе спроведе заедничко координирано одбележување на Денот, во склоп на проектот Judo4All.

Во Струга, одбележувањето на Денот на џудото ќе биде во петок, 28 октомври, на улица „Маршал Тито“, односно ново шеталиште, во времето од 12 до 13 часот.

На настанот ќе се доделуваат едукативни материјали за тренирање џудо на лица со интелектуална попреченост, а одблиску ќе можат да се види презентација на тренинг со лица со попреченост.

#WJD #WJD2022 #judo #JudoInclusion #judo4all #ErasmusPlus

Прочитајте повеќе

Советничката група на СДСМ и Коалицијата бара вонредна седница на Советот на општина Прилеп за актуелните состојби во ФК „Победа“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата бара вонредна седница на Советот на општина Прилеп за актуелните состојби во ФК „Победа“

Последните состојби во ФК „Победа“, односно вчерашното писмено обраќање на клубот со кое ја информираа …