Во тек се подготовките за Европското првенство во џудо кое ќе се одржи во Скопје, денеска завршува рокот за пријавување

Во тек се подготовките за Европското првенство во џудо кое ќе се одржи во Скопје, денеска завршува рокот за пријавување

„За прв пат во Македонија ќе се организира Европско кадетско првенство во џудо, најголемо првенство од овој карактер во 2025 година, според наше мислење, настан над сите спортски настани во Македонија. Европа доаѓа во Скопје и ние мораме да ја оправдаме довербата“, вели Дејан Мицкоски, спортски директор на Македонската џудо федерација (МЏФ).

Европското првенство за кадети и кадетки, Скопје 2025, кое ќе се одржи од 26 до 29 јуни, ќе биде настан од највисок ранг кој досега воопшто се одржал во џудо спортот кај нас. Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (8 во машка и 8 во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

Прочитајте повеќе

Пукна брука во Прилеп: Поради блокирана сметка, ФК „Победа“ го откажа натпреварувањето во Втората лига

Пукна брука во Прилеп: Поради блокирана сметка, ФК „Победа“ го откажа натпреварувањето во Втората лига

Брука, мизерија, резил, срам… Кој е соодветниот збор кој најсоодветно би го дефинирал она коешто …