Во Центарот за култура „Марко Цепенков“, изложба на дела од Струмичката ликовна колонија

Утре, петок 30 март, во 19.00 часот, во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од 54 Меѓународна Струмичка ликовна колонија, што ја организира Центарот за култура од Струмица.

На увид пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана меѓународна ликовна колонија, на која лани учествувале 17 домашни и 7 странски автори.

„Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен“, велат од Струмичката ликовна колонија.

Изложбата е плод на соработката меѓу прилепскиот и струмичкиот Центар за култура.

                                                                                           

Прочитајте повеќе

Споменик Доситеј МПЦ

Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) го признава и прифаќа барањето за автокефалност на Македонската православна црква …