Во ЦК „Марко Цепенков“ изложба на Методи Исков

Утре, петок 23.11.2018 во 19.30 часот, во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба – инсталација „Празна галерија“, од прилепскиот уметник Методи Исков.

Преку насловот на изложбата „Празна Галерија“, Исков сака да поттикне критичко – филозофски став со кој сите заедно ќе се доближат до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста.

Методи Исков е роден на 24.05.1990 година во Штип. Во 2014 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на Станко Павлески.

Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата „Св.Константин и Елена“ – Скопје, мозаик поставен во базиликата на „Св.Благовештение” во Назарет – Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата „Св.Петка“ – Прилеп итн.

Исков изработил и повеќе мурали во Прилеп, од кои треба да се истакне муралот во Градска библиотека „Борка Талески“, потоа уметничкото уредување на „Етно Крушево“ и многу други.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …