Во Црна Гора убиен таткото на водачите на “шкаљарскиот“ криминален клан

Во црногорскиот град Котор синоќа е убиен 69 годишниот Веселин Вукотиќ, татко на водачите на криминалниот “шкаљарски“ клан, Јован и Игор Вукотиќ. Како што соопшти црногорската полиција, Вукотиќ бил застрелан со повеќе куршуми пред неговата куќа, од страна на неидентификувано лице, кое побегнало во непознат правец.

Ранетиот Вукотиќ веднаш бил пренесен в болница, каде набрзо им подлегнал на повредите. Мотивите за убиството на Вукотиќ засега не се познати.

“Шкаљарскиот“, заедно со “кавчанскиот“, се два криминални клана од Котор, што последниве години водат меѓусебна војна во која досега се убиени над 30 лица.

Двата клана во минатото биле дел од една криминална група, но откако кон крајот на 2014 година во шпанскиот град Валенсија исчезнале околу 300 килограми кокаин што и припаѓале на групата, таа се поделила на “шкаљарци“ и “кавчанци“.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …