Загинати цивили во Чернигов

Во украинскиот град Чернигов убиени 10 цивили кои стоеле во ред за леб (ВИДЕО)

Според информациите на украинските медиуми, руските воени единици денеска го гранатирале украинскиот град Чернигов, при што биле убиени 10 цивили кои стоеле во ред за леб.

Украинскиот медиум „Суспилне“ на Твитер објави видео од местото каде се случил масакрот, а чија автентичност сеуште не е потврдена.

Истовремено, и Амбасадата на САД во Киев исто така соопшти дека во градот Чернигов, руските сили убиле 10 луѓе кои што стоеле во ред за леб.

 

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …