Во Валандово започна пилот-проект за селекција на отпадот од граѓаните

Во Валандово започна пилот-проект за селекција на отпадот од граѓаните

Општина Валандово го започна пилот-проектот за селекција на отпадот на нејзина територија, за што е создадена општествено одговорна апликација „Селектирај отпад“.

„Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество“, информираат од локалната самоуправа во Валандово.

Креатор на проектот за селекција на отпадот е Марио Томов, а проектот „Селектирај отпад“ има добиено средства од Фондот за иновации и технолошки развој.

Граѓаните од Валандово ќе ја имаат можноста да подигнат специјални ќеси за селекција на отпад од јавното претпријатие „Комунален сервис“ од Валандово. Должност на граѓаните е да ја селектираат хартијата, пластиката и лименките во три различни ќеси за селекција на отпад. Откако ќе ги наполнат ќесите, тие ќе треба да го скенираат QR кодот и да закажат термин за да ги предадат ќесите кај собирачот на отпад пред нивниот дом.

Сите заинтересирани граѓани можат да ја симнат мобилната апликација од PlayStore и AppStore.

Општина Валандово ги стимулира граѓаните да го селектираат отпадот, па така секоја индивидуа со предадена ќеса селектиран отпад ќе добие 35 поени на својата апликација. Петте најголеми селектирачи на отпад во текот на секој месец, ќе добиваат ваучери од 500, 1.000 или 2.000 денари.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …