полиција

Во вербална расправија убиен 31-годишен војник

Повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа, велат од обвинителството. Осомничениот за убиството има 21 година

Жител на селото Суви Дол убил 31-годишен професионален војник во АРМ, во двор во куќа во селото Калуѓерец, информираше Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишникот кој пукал во војникот.

„Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа“, велат од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје

Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, …