Во Виена почна средбата на Димитров и Коѕиас со медијаторот Нимиц

Во Виена почна средбата на Димитров и Коѕиас со медијаторот Нимиц

Во Виена денеска продолжуваат разговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Средбата се одржува во канцелариите на ОН.

Засега нема информации до кога ќе трае средбата и дали по средбата ќе има изјави за медиумите.
Двете министерства и македонското и грчкото, на нивните официјални „Твитер“ профили објавија фотографии од средбата.

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање изјави дека очекува напредок во преговорите меѓу двете земји.

– Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор и сега, во Виена, да ја искористиме секоја можност за приближување кон конечното решение. Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите зад нив и јас и Ципрас од другата страна даваме поддршка и охрабрување за да се изнајдат конструктивни и креативни решенија кои буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања и ќе бидат достоинствени за двете земји и нивните граѓани – рече Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …