пари плата пензии

Во вторник, 29 јуни, започнува исплатата на јунските пензии

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година.

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.

Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 29.06.2021 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 30.06.2021 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 01.07.2021 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 02.07.2021 година.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …