Седница на Советот на општина Прилеп

Во вторник 9-та седница на Советот на општина Прилеп

Советот на општина Прилеп во вторник, 15-ти март, ќе ја одржи редовната 9-та седница, на која советниците ќе расправаат по следните прашања:

  1. Предлог-Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за четврт квартал од 2021 година.
  2. Предлог-Годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2021 година.
  3. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2022 година.
  4. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација” Прилеп за период од 01.10.2021 година до 31.12.2021 година.
  5. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка на ЈКП ,,Водовод и канализација” Прилеп за 2021 година.
  6. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за измена на Годишниот план за вработување во 2022 година на ЈКП ,,Водовод и канализација” Прилеп.
  7. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп за период од 01.10.2021 година до 31.12.2021 година.
  8. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за 2021 година.
  9. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по годишна сметка на ЈП за ПУП Прилеп за 2021 година.
  10. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка на ЈОУДГ ’’Наша иднина’’-Прилеп за 2021 година.
  11. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески Платник’’-Прилеп, за 2021 година.
  12. Предлог-Одлука за усвојување на Годишните сметки на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’-Прилеп, за 2021 година.
  13. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’-Прилеп, за 2021 година.
  14. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на под-проектот
    Реконструкција на улица „Леце Котески“, Општина Прилеп.
  15. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот-Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп, во текот на второто полугодие од 2021 година

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …