Претседателот на Владата, Зоран Заев во вторник и среда, на 4 и 5 јуни ќе оствари работна посета на европските институции во Брисел.
На 4 јуни, вторник, премиерот Заев ќе оствари средба со претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, на која заеднички ќе разговараат за Извештајот на ЕК за РСМ и за резултатите од изборите за Европскиот парламент, во пресрет на средбите на Советот на ЕУ и Европскиот совет на крајот на јуни оваа година.
Во попладневните часови, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе има и средби и со високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини, како и со европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
На 5 јуни, среда, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, на покана на Европската банка за обнова и развој, ќе учествува на панел дискусија на тема: „Северна Македонија: Забрзани реформи, забрзана ЕУ интеграција” во организација на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Центарот за студии на европски политики (CEPS).