Во зајакнатите акциски контроли во Прилеп и Скопје, МВР изрече вкупно 462 санкции

Во зајакнатите акциски контроли во Прилеп и Скопје, МВР изрече вкупно 462 санкции

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит  18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без  положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

Во текот на вчерашниот ден, МВР имаше засилена акциска контрола во областа на сообраќајот и на територија на град Скопје. Притоа, изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено партничко возило, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Прочитајте повеќе

ЕУ знаме

ЕК: Скромни резултати во образованието, добар напредок во науката и во истражувањата

Според извештајот, спроведувањето на Стратегијата за образование 2018–2025 и развојот на систем за следење на …