Во завршна фаза е проектирањето на интерконективниот гасовод кон Грција

Во завршна фаза е проектирањето на интерконективниот гасовод кон Грција

Активностите околу интерконективниот гасовод кон Грција, кој на државата ќе и овозможат да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море, се одвиваат спред предвидената динамика, изјави за „Мета.мк“, директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Веќе е изработена студијата за влијанието врз животната средина, и во завршна фаза е проектирањето. Бевме во интензивна комуникација со сите инволвирани страни во изминатиов пердиод и јас не очекувам дека ќе имаме застои од наша страна,“ вели Реџепи.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Реџепи исто така информираше дека изградбата на гасоводната мрежа се одвива со одредени застои поради корона кризата, а најголеми пречки се решавањето на имотно-правните односи и усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …