Во земјава регистриран првиот случај на зараза со новиот сој „кракен“

Во земјава регистриран првиот случај на зараза со новиот сој „кракен“

Кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“, соопшти утрово Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ).

„Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, се вели во соопштението ИЗЈ.

Од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година, според ИЗЈ, од селектираните примероци 32 се позитивни на SARS-CoV-2.

„Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон“, наведе Институтот.

Според претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски  сојот кракен е една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Соопштение за јавност на СДСМ Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, …