Водоснабдувањето на Прилеп се одвива нормално, во функција ставени бунарите „Кишовица“ и „Орушица“

Водоснабдувањето на Прилеп се одвива нормално, во функција ставени бунарите „Кишовица“ и „Орушица“

Поради променливиот доток на вода од регионалниот водовод „Студенчица“, како и поради екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, во системот за водоснабдување на Прилеп пуштени се водите од градските бунари „Кишовица“ и „Орушица“.

Од ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп информираат дека водата за пиење од градската мрежа е здравствено исправна за пиење. Истовремено, од јавното комунално претпријатие велат дека нема да има никакви рестрикции во водоснабдувањето на градот, но апелираат до граѓаните да го избегнат несовесното трошење на водата и рационално да ја користат водата од системот за водоснабдување.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …