„Водовод и канализација“ привршува со замена на старата водоводна линија на „Јоска Јорданоски“ со нова полиетиленска

Подолг временски период, ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп активно работи на повеќе локации низ градот, менувајќи ги старите азбестни цевки со нови полиетиленски, поставувајќи фекална канализација и нови приклучоци за домаќинствата.

„Продолжуваат активностите на ЈКП ‘Водовод и канализација’, со промена на старите азбестно-бетонски цевки со нови, полиетиленски. Во овој момент на улицата ‘Јоска Јорданоски’ ја заменуваме старата линија долга над 500 метра со нова полиетиленска, 330 метри секундарна линија со дијаметар Ф-90 каде се вбројуваат 36 куќни приклучоци и еден приклучок во зградата ‘Табана’ за околу 30 корисници. Веднаш по завршување на активностите на улицата ‘Јоска Јорданоски’, продолжуваме на ‘Кеј Први Мај’ каде ќе пуштиме нова полиетиленска цевка во должина од околу 70 метра, со нови 7 приклучоци со цел квалитетно водоснабдување на населението. Вчера завршивме со нова канализациона линија на улица ‘3 Ноември’, а продолжуваме и со активностите за замена на старите со новите водоводни линии на булеварот. Овде морам да напоменам дека на улица ‘Савска’ продолжуваме со изведување на канализацијата, со цел сите домаќинства во Прилеп да имаат фекална канализација“, истакна Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

Јанески напомена дека на улицата „Архимедова“ во функција е ставена атмосферска канализација, заменети се повеќе од 200 метар водоводна линија со нови полиетиленски цевки, а во најскоро време ќе се врши изведба на нова фекална линија во должина од 100 метра.

Првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“ потенцираше дека сo тековниот проект, за само една година сменети се од 8 до 10 км водоводни линии.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …