Водовод и канализација за индустриската зона Визбегово

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба на водовод и канализација во индустриската зона.

Проектот е во вредност од 8, 6 милиони евра од кои 1, 6 милиони евра се наменети за изградба на водовод и 7 милиони евра за изградба на канализација.

„Пред еден месец при посетата на општина Бутел ветив решавање на најголемиот инфраструктурен проблем, а тоа е изградба на водовод и канализација во индустриската зона Визбегово. Денеска сум повторно тука, каде слободно можам да најавам дека започнуваме со овој проект вреден преку 8 милиони евра. Министерството денеска го доби потребниот проект и во најбрз можен рок ќе ја подготви тендерската документација и ќе го распишеме повикот за изградба. Она што е најважно е дека со ова ќе ги исполниме барањата на компаниите кои што работат во оваа зона, а од друга страна ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во општина Бутел“ – изјави министерот  за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Реализацијата на овој проект ќе се финансира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …