Украина

Војна во Украина: Гранати врз Харков, Херсон е опколен

Руските и украинските сили од ноќеска водат борби во градовите Харков и Херсон.

Русија го засилува гранатирањето на Харков, каде, според агенциски извештаи, веќе слетале и руски падобранци,. „Во Харков практично нема области кои не се погодени од гранати“, изјави советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.

Во Харков руските трупи нападнале воено-медицински центар, јави украинската агенција Униан. Дошло до борби со украинските сили. Од украинска страна се вели дека руски гранати паѓале врз центарот на градот, вклучително и станбени објекти, како и зградата на регионалната управа. Според изјава на регионалниот гувернер Олег Синагубов, во гранатирањето на Харков од страна на руските трупи загинале најмалку 21 лица, а повредени се над 112. Ваквите наводи немаат потврда од независни извори.

Борби во текот на ноќта имало и во Херсон. Агенцијата Укринформ јави дека руски тенк гаѓал зграда на украинската тајна служба СБУ.

Советникот во украинското МВР, Херашченко, зборува и за голем број загинати цивили во Херсон, кои, меѓу другото, го бранеле градот со молотови коктели. Херсон, според информации од терен, е опколен. Градското раководство јавува дека руските војници го зазеле пристаништето и железничката станица. И овие информации немаат потврда од независни извори.

Infografik Karte Ukraine mit größeren Städten DE

– повеќеТешко болни деца се лекуваат во болнички подруми во Киев

Белорусија испраќа дополнителни трупи на границата со Украина

Во меѓувреме, белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди да се испратат дополнителни трупи на границата со Украина. На состанокот на белорускиот совет за безбедност, тој, според државната новинска агенција Белта, рекол дека покрај „заштитата“ на јужниот пограничен регион, треба да бидат распоредени и „пет тактички баталјонски групи“. Таквите единици обично се состојат од стотици војници со оклопни возила и артилериско оружје. Воени хеликоптери и авиони веќе се стационирани во регионите Гомел, Барановичи и Лунинец. Сепак, сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин уверува дека неговата земја нема да учествува во офанзивата во Украина. „Тоа не е наша работа“, уверува тој.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп може да се кандидира и од затвор

Трамп може да се кандидира и од затвор

Ова никогаш не се случило во историјата на САД. Идниот кандидат и, можеби, претседател Доналд …