Војна во Украина: Веројатно без велигденско примирје

Војна во Украина: Веројатно без велигденско примирје

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека сѐ уште не губи надеж за мир.

Зеленски  во своето редовно видео обраќање истакна: „Но, сепак ќе задржиме надеж – надеж за мир, надеж дека животот ќе триумфира над смртта.

Меѓу другите, папата Франциско и поглаварот на Украинската православна црква, Свјатослав Шевчук повикаа на прекин на огнот за време на претсојниот викенд. Православните христијани годинава го слават Велигден на 24 април. Тие се најголемата религиозна група во Украина.

Украинскиот претседател Володимир ЗеленскиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски не сака да оди на преговори во Москва

Претседаетлот на Украина ја отфрли претходната можност да отпатува во Москва на директни разговори со руските лидери за запирање на војната.

„Во името на својата земја, би бил подготвен да го посетам кое било место на оваа планета. Но, сигурно не сега и секако не Москва. Тоа едноставно не доаѓа во предвид“, изјави тој во интервју за руската Медиазона.

Зеленски додаде оти под различни околности и со поинакви владетели во Москва, сѐ би било можно.

„Судбината на цивилите во Мариупол е во рацете на Путин“

Рускиот претседател, Владимир Путин, може сам да одлучи за судбината на 100.000 цивили кои сѐ ште се заробени во Мариупол, утрината градоначалникот на овој град, Вадим Бојченко.

„Важно е да се разбере оти животите на оние кои се сѐ уште тука се во рацете на само еден човек – Владимир Путин. И смртта на луѓето која ќе се случи отсега ќе биде на неговите раце, исто така“, рече Бојченко.

Путин вчера  изјави  дека руските сили го „ослободиле“ Мариупол, најголемиот украински град кој е заземен од руските сили од почетокот на инвазијата врз Украина.

Бојченко смета оти немало план за ослободување туку за уништување, тврдејќи дека градот е 90 отсто уништен или оштетен.

Седум милијарди долари месечно

Украинскиот претседател пак, во меѓувреме изјави оти на неговата земја ѝ се потребни 7 милијарди долари месечно за да се надокнадат економските загуби поради ивазијата на Русија на неговата земја.

Тој во видео обраќање на форумот на Светската банка додаде оти глобалната заедница треба веднаш да ја исклучи Русија од меѓународните финансиски институции и ги повика сите земји моментално да ги запрат односите со Москва.

Зеленски рече и дека руската блокада на пристаништата на Црното море го запрела украинскиот извоз.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …