Волонтери од Воено-медицинскиот центар и студенти се вклучуваат во работата на ковид центрите

Волонтери од Воено-медицинскиот центар и студенти се вклучуваат во работата на ковид центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицински центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денеска почнаа да волонтираат во ковид центрите во Скопје, информираат од Министерство за здравство.

Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.

Утрово министерот Венко Филипче на состанокот на интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид центрите.

– Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со Ковид -19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате прилика да го видите во вашата кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем,  но и предизвик – рече Филипче на состанокот.

Од Министерство за здравство велат дека студентите од шеста година ќе бидат распределени во центрите каде работат под менторство на лекари специјалисти и ќе стекнат драгоцено искуство во делот на клиничката пракса.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …