Вооружен масакр ја шокира Канада

Вооружен масакр ја шокира Канада

Драматични вести од Канада: Вооружен маж уби најмалку 16 лица во провинцијата Нова Шкотска во текот на викендот. Напаѓачот исто така загина. Неговиот мотив е целосно нејасен.

Најмалку 16 жртви – ова е крвавиот биланс на вооружениот масакр во источна Канада. Жртвите се пронајдени на неколку локации на злосторството во провинцијата Нова Шкотска, соопштија властите на прес-конференција. Убиена е и една полицајка.

Силите за интервенција биле повикани во селото Портапик во саботата навечер (по локално време), откако 51-годишниот напаѓач пукал околу себе во местото. Полицијата пронајде неколку тела пред една куќа и во неа, во местото кое се наоѓа на околу 100 километри северно од провинцискиот главен град Халифакс.

Полицијата го убила напаѓачот на бензинска пумпа

Потоа започна потера, која се одвиваше во неколку други општини во провинцијата и во текот на која силите за интервенција навлегоа во неколку згради кои беа во пламен, соопшти шефот на полицијата во Нова Шкотска, Крис Ледер. Конечната акција беше направена во неделата наутро, за време на која напаѓачот беше застрелан на бензинска пумпа во општината Енфилд.

Kanada | Polizist wird bei Schüssen in Nova Scotia getötet (picture-alliance/empics/The Canadian Press/A. Vaughan)

Сторителот користел неколку возила при неговото бегство. Едниот од нив наликувал  на полициско возило, рече Ледер. Сторителот, исто така, очигледно носел делови од полициска униформа. За време на потерата, полицијата неколкупати го предупреди населението дека човекот не е полицаец, но оти е „вооружен и опасен“.

Очигледно нема терористичка заднина

Мотивот на сторителот сè уште е нејасен. Нема докази за терористичка заднина, изјави шефицата на националната полиција, Бренда Луки. Напаѓачот по професија бил стоматолошки техничар. Тој  веројатно случајно ги избрал своите жртви, барем делумно, изјави Ледер.

ужасна ситуација“. Нападите со огнено оружје со повеќе смртни случаи се далеку поретки во Канада отколку во САД. Таму законите за оружје се многу построги отколку во соседната земја. Најлошиот вооружен масакр во Канада во последните децении се случи во Монтреал во 1989 година. Тогаш, еден млад човек смртно застрела 14 жени на политехничкиот факултет пред да се самоубие.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …