Возачот на косовскиот автобус се бранел со молчење

Возачот на косовскиот автобус се бранел со молчење

Возачот на косовскиот автобус кој е осомничен дека вчера утрото направил тешка сообраќајна несреќа во близина на Славонски брод во Хрватска е изведен на распит во тамошното општинско обвинителство, но се бранел со молчење.

Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа на возачот му бил доделен адвокат по службена должност. Зааменикот на државниот обвинител во Славонски брод Фрањо Копуниќ за медимите рече дека не ја слушнале одбраната на возачот и дека ќе биде донесена одлука за спроведување истрага, по што ќе биде предложен и истражен затвор за што ќе се одлучува утре.

Како што соопшти полицијата возачот ќе биде кривично гонет по член 227 од кривичниот законик, односно предизвикување сообраќајна несреќа во патнички сообраќај за што највисоката казна е 15 години затвор.

Во несреќата која се случи во раните утрински часови загинаа десет луѓе, а повеќе од 40 се повредени откако автобусот кој сообраќаше на редовната линија Франкфурт-Приштина падна од патот од се уште не утврдени причини. 26 јули е прогласен за ден на жалост во Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …