#ВозможноЕ да дадеме отпорност на екстремните климатски настани

#ВозможноЕ да дадеме отпорност на екстремните климатски настани

#ВозможноЕ, онлајн настанот кој е во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk), утре, на 5ти мај, од 11:00 до 13:00 часот ќе го реализира последниот дел од серијата настани.

Темата на третиот и последен дел ќе биде „Отпорност на екстремни климатски настани – #ВозможноЕ да се активираат реални решенија во управувањето со климатските екстремни настани во земјата“. Промените на температурата и врнежите, како и динамиката и интензитетот на климатските настани се тесно поврзани со концентрацијата на стакленички гасови. Целта е преку дискусија на претставници на различни општствени чинители да се истакне итноста за справување со климатските промени и за поставување на реални мерки за справување со временските екстремни појави предизвикани од климатските промени.

Овој последен дел ќе биде заокружен со учеството на висок претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Аги Верес, која ја врши функцијата Заменичка на Регионалната директорка за Европа и Централна Азија, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стојанче Ангелов, директот на Центарот за управување со кризи, Анита Коџоман,  координатор на програмата за животна средина и управување со ризици и кризи во UNDP, како и претставници од Националната федерација на фармери, Институтот за земјоделие, Управата за хидро-метеоролошки работи, приватен сектор, невладини организации и медиуми.

Исто како и првите два дела од онлајн настанот, така и третиот ќе биде поделен во три сесии, на кои ќе се дискутира за предизвици и добри практики за справување со климатски екстреми и ризици. На крајот, претставници од невладините организации, медиумите и граѓаните на говорниците ќе им постават прашања, поврзани со темите кои ќе бидат дебатирани.

Онлајн настанот ќе биде достапен за сите и ќе може да се следи во живо на YouTube платформата, на три различни јазици:

На следниот линк можете да го следите настанот на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=9mqIUx2dlAk.

На следниот линк можете да го следите настанот на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=87QP2JV44NM.

На следниот линк можете да го следите настанот на англиски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=UQcQ6WbFwH0.

Во рамките на настанот #ВозможноЕ веќе се одржаа две панел дискусии, едната на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“ која се одржа на 21ви април и втората која се одржа на 27ми април на тема „Зелено закрепнување – #ВозможноE да се вклучи приватниот сектор во активностите за справување со климатските промени“.

ВОЗМОЖНО Е! Вклучи се, следи го во живо настанот и направи чекор напред за доброто на сите!

За повеќе информации, посетете ја официјалната Facebook фан страница на Климатски промени на МЖСПП: https://www.facebook.com/klimatskipromenimk.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …