Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско – грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа.

„Завршување и комплетирање на работите на пругата како целосен функционален објект се планира до крајот на март односно почетокот на април, по што ќе следи технички прием и пуштање во функција на пругата за сообраќај на возови“, посочуваат за „Мета“ од Македонски железници – Инфраструктура.

Во изминатата година беа завршени најголем дел од градежните работи на пругата долга 17 километри. Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица. Зафатот вреден 17,2 милиони евра е финансиран со грант од Европската Унија (6 милиони евра) и со средства од државниот буџет (11 милиони евра).

Пуштањето во употреба на оваа пруга од Коридорот 10д ќе овозможи повторно воспоставување на редовна железничка линија од Битола до Лерин, но и поврзување на пелагонискиот регион со солунското пристаниште. Од Македонски железници – Транспорт веќе информираа дека се во преговори со грчката железничка компанија TrainOSE за воведување на патнички возови меѓу Битола и Лерин.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …