Вработените го тужат Твитер поради масовните отпуштања

Вработените го тужат Твитер поради масовните отпуштања

Вработените во Твитер во САД поднесоа збирна тужба против онлајн платформата поради масовните отпуштања од работа.

Вработените во Твитер во САД ја тужат платформата поради тоа што при делењето откази не бил испочитуван отказниот рок од 60 дена. Со тоа, како што се вели, се прекршени сојузните закони и законите на Калифорнија.

Твитер, како што се вели во твитот на раководителот на одделот за безбедност и интегритет, Јоел Рот, отпуштил половина од вработените. Тоа е прва потврда од Твитер за обемот на отказите. „Секому кој доби отказ, му е понудено обесштетување во висина од три месечни плати“, напиша шефот на Твитер, Илон Маск.

Карикатура на Сергеј Елкин: „Како реформира Илон Маск“
Карикатура на Сергеј Елкин: „Како реформира Илон Маск“

Oткази им се поделени на околу 3700 вработени ширум светот, односно на половина од вработените во Твитер. Маск тврди дека немал друг избор, затоа што компанијата губела по четири милиони долари дневно. Американскиот мултимилијардер го купи Твитер минатата недела за 44 милијарди долари.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …