Вработените во Пошта оствени без пари – владата нема пари за плати има само за криминални тендери

Вработените во Пошта оствени без пари – владата нема пари за плати има само за криминални тендери

Соопштение за јавност на СДСМ

Вработените во Пошта од целата земја денеска протестираат затоа што сè уште не земале плата.

Доцни платата на 1.700 работници, и тоа со месеци. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема пари за плати ама има за криминални тендери.

Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.

СДСМ веќе го објави скандалот, како фирма на советникот од ЗНАМ, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта во вредност од 1,2 милиони евра за чистење.

Но за овој сканадал со тендерот во Пошта нема никаква реакција од ниту една институција досега.

Што се чека?

Корупцијата и криминалот на ВМРО-ЗНАМ ја загрозува егзистенцијата на работниците.

Не може да нема пари за плати на работниците. За ова мора да има одговорност.

АКТ продолжува борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи.

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена!

Прочитајте повеќе

Горива бензини дизел

Бензините поскапуваат за 1 денар

Oд ноќеска стапуваат во сила новите малопродажни цени на нафтените деривати кои се зголемуваат, одлучиле …