Вратата од домот на Груевски заклучена, светлата изгаснати – каде се крие експремиерот?

Откако МВР објави национална потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, вечерва екипи на МВР отишле во неговиот стан. Припадници на специјалната единица „Алфи“ ѕвонеле на ѕвончето и тропале на вратата на станот во кој живее поранешниот премиер, меѓутоа никој не отворил. Освен заклучената врата, во станот на Груевски биле изгаснати и сите светла, така што е неизвесно дали некој воопшто и има во станот.

Оној момент кога МВР ќе го пронајде, Груевски ќе биде присилно спроведен во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …