Времето денес ќе биде сончево и релативно топло

Времето денес ќе биде сончево и релативно топло

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, попладне вдолж Повардарието ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Утре кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.

Извор:УХМР

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …