Во Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Кон крајот на денот, во западните планински делови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени. УВ=9.

И во наредните денови ќе се задржи слично време. Во вторник во попладневните часови, во планинските делови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а во среда поголема нестабилност ќе има во југозападните делови од нашата држава. Температурите ќе бидат највисоки кон средината на неделата, кога максималната температура ќе достигне 38 степени.