Времето сончево со умерена облачност и температура до 28 степени

Времето сончево со умерена облачност и температура до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 22 и 28 степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската темптература се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните темпратури позначително ќе опаднат.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …