сончево

Времето сончево со умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Во Повардарието ветерот ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, а дневните од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со умерен северозападен ветер и температура од 15 до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата ќе има тенденција на благ пораст.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …