Врховниот суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Општина Центар“

Врховниот суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Општина Центар“

Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Насилство во Општина Центар“ во кој беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки.

„Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021“, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Апелацискиот суд Скопје во ноември минатата година ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот.

Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи уривање на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …