Врховниот суд им го укина притворот на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Врховниот суд им го укина притворот на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Врховниот суд одлучи и им го укине куќниот притвор на осомничените во случајот на СЈО „Империја“, Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

Пасошите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески се во Основниот суд Скопје 1. За нив не одлучува Врховниот суд. Тие засега остануваат како мерки за обезбедување присуство, а дали осомничените ќе бараат враќање назад сè уште не се знае.

Во притвор останува поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кому му истекоа 90-те дена. Дали и тој ќе излезе од притвор треба да одлучи Апелациониот суд Скопје.

Во „Империја“ осомничени се и мајката на Орце Камчев, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.

Тие се осомничени за кривичните дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, за перење пари, измама, злоупотреба на службената положба и овластувањата и други дела.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …