Врвот на НАТО во јуни во Скопје

Врвот на НАТО во јуни во Скопје

Северноатлантскиот совет, врховното политичко тело на НАТО, во јуни ќе ја посети земјава, најави началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Ова ќе биде прва посета на највисокото тело на Алијансата на Скопје. Во ноември лани Македонија за првпат ја посети Воениот комитет, највисокото воено тело на Алијансата.

Северноатлантскиот совет е врвното политичко тело во НАТО, кое ги носи одлуките. Ги надгледува политичките и воените процеси поврзани со безбедносни и одбранбени прашања кои се однесуваат на целата Алијанса. Ги обединува претставниците од секоја земја-членка за секое прашање кое бара колективна одлука и обезбедува форум за широки консултации меѓу членките за сите прашања кои се однесуваат на нивниот мир и безбедност. Со САС претседава генералниот секретар. Тоа е прво тело воспоставено со Северноатлантскиот договор во 1949 година, и единствено овластено да формира нови тела.

Воениот комитет, кој во ноември ја посети Македонија, е телото кое им дава воените совети и служи како врска на Северноатлантскиот совет и на двата стратегиски команданти на НАТО – Врховниот командант на сојузничките сили во Европа и Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација.

Во меѓувреме, Летонија стана 13 членка која го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …